„Тетовирани импресии“ – ФДУ го чествува творештвото на Горан Стефановски

Од:

Факултетот за драмски уметности (ФДУ) – Скопје го слави творештвото на драмскиот автор Горан Стефановски со едномесечна мултимедијална програма насловена „Тетовирани импресии“. Настаните од програмата ќе почнат денеска, на Светскиот ден на театарот, а ќе завршат на 27 април – денот на раѓањето на Стефановски. ФДУ е организатор на програмата во која ќе учествуваат негови соработници, колеги и студенти.

-Ќе потсетат на творештвото кое претставува бескрајна инспирација за минатите, сегашните и идните генерации на факултетот. Инспирација која нé поттикнува кон подобро и повеќе уште од нашата „Бушава азбука“. И од „Јане Задрогаз“, преку „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Чернодрински се враќа дома“…, се до „Огнени јазици“. Од нивното запознавање, разбирање, препрочитување и поставување, до одново станување и борење за она што е вистински наше, соопшти ФДУ.

Манифестацијата „Тетовирани импресии“ ќе почне со одбележување на Светскиот ден на театарот – 27 Март. Во рамки на програмата ќе има испитни претстави и етиди по текстови на Горан Стефановски, проекции на филмови по негови сценарија и презентација на документарен филм во реализација, посветен на неговото дело.

-Ќе слушнете како изгледала соработката со Горан преку дискусии со неговите долгогодишни соработници, а и музичка програма во соработка со студенти од Факултетот за музичка уметност. Програмата ќе се заокружи на 27 април, неговиот роденден, наведува ФДУ во најавата на манифестацијата.

Влезот за сите настани е слободен, а деталите за секој настан ќе бидат дополнително објавени на веб-страницата и социјалните мрежи на Факултетот за драмски уметности.

Би можело да ве интересира

УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“

ФДУ го одбележува творештвото на Горан Стефановски

Горан Наумовски

Тестаменталната порака на Горан Стефановски ќе одекне низ светот преку нови преводи – активност на МСМЈЛК при УКИМ

Катерина Ѓуровски

Есеистиката на Горан Стефановски ги обедини македонистите и јужнославистите од Љубљана, Загреб и Скопје

Промоција на книгаta за деца „Бушава азбука“ од Горан Стефановски и Душан Петричиќ

Промоција на италијанскиот превод на Горан Стефановски во Ватикан

А1он