Двајца малолетници тешко повредени во сообраќајка на регионалниот пат Скопје – Тетово

Од:

Денеска околу 01.20 часот по полноќ во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје – Тетово, кај бензинска пумпа во село Арнакија, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 14-годишник од Скопје и патничко возило „рено“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот А.С. од Скопје, кој го напуштил местото на несреќата, извести МВР.

– Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „пежо“ и неговиот 14-годишен сопатник, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека уште еден 14-годишен сопатник се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, соопшти МВР.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Шестгодишно дете возело електричен тротиент, се судрило со мотор и тешко е повредено

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

Му зеле 22.500 евра, измамници му ветувале дека ќе му завршат работа да купи државно земјиште

Починато петмесечно бебе донесено на Детска клиника

15-годишник избодел врсник во основно училиште во Гази Баба

Уапсен е возачот кој со камион прегази старец на патот Прилеп – Градско