ВИДЕО: Падна во несвест во шоуто на пропагандист на Путин

Од:

Политичко ток-шоу кое го води пропагандистот на Путин, Владимир Соловјев беше прекинато откако еден од гостите се онесвести во студиото додека емисијата одеше во живо.

Андреј Карнеев, директор на Факултетот за азиски студии на Високата економска школа на Московскиот универзитет, се онесвести за време на панел дискусија за голем број политички прашања во Русија.

Подоцна беше кажано дека гостинот на емисијата се опоравил по инцидентот. Newsweek пишува дека Карнеев изјавил дека имал вртоглавица и не спиел доволно претходната ноќ. Исто така, тој рекол дека е нервозен.

„САД никогаш не ги сметаа обоените луѓе за луѓе“, рече Соловјев неколку моменти пред неговиот гостин да се онесвести. Видео снимката од човекот кој се онесвести во емисијата на пропагандистот на Путин има илјадници прегледи.

Корисниците на социјалните мрежи се потсмеваат на видеото. Еден корисник на Твитер коментираше: „Не можеше да го слуша Соловјев, па реши да умре“.

Шоуто на Соловјев во Русија се прикажува веќе 11 години.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија