Во четврток, доколку заигра, Кристијано Роналдо ќе постави рекорд по бројот на индивидуални настапи за националниот тим.
Новиот селектор на Португалија, Роберто Мартинез го повика за квалификациите за ЕП 2024 година.
Доколку Роналдо во четврток игра против Лихтенштајн, а нема причина да не влезе барем како резерва, ќе стане играчот со најмногу настапи за националниот тим во конкуренција на сите фудбалери во светот.
Роналдо дебитираше во Португалија во 2003 година, кога влезе како 18-годишна замена за Луис Фиго на пријателскиот натпревар против Казахстан.
Три дена по мечот со Лихтенштајн, Португалија ќе одигра уште еден натпревар во квалификациите за Европското првенство, против Луксембург.