Градоначалникот на Штип пријавил закани во полиција, камерите го снимиле заканувачот

Од:

Штипската полиција синоќа во 22.45 минути добила пријава од градоначалникот на Штип, Иван Јорданов дека лице вработено во Општина Штип му се заканувало во последните неколку месеци, а истото лице истата вечер ги исекло гумите на службеното возило на градоначалникот.

„На 21.03.2023 во 22.45 часот во Полициската станица Штип, И.Ј.(35) – Градоначалник на Општина Штип, пријавил дека Ј.М. од Штип, вработен во Општина Штип, во неколку наврати во последните неколку месеци му упатувал закани. Според пријавеното, околу 19.40 часот гумите на службеното возило, кое го користел И.Ј., од страна на Ј.М. биле исечени. Се работи на расчистување на случајот“, потврдија за „А1он“ од МВР.

Безбедносните камери го снимиле лицето кое му ги исекло сите четири гуми на службеното возило на градоначалникот Јорданов.

Би можело да ве интересира

Уапсена е градоначалничката на Смедерево, Јасмина Војиновиќ

А1он

Се претставуваат како спасители на повредени роднини и им ги земаат заштедите на повозрасните

Бран закани со бомби ги потресе европските аеродроми: Најмалку 27 авиони се цел

Закани за ликвидација на сите крстени луѓе во Република Српска и повик за џихад

Стотици училишта во Велика Британија добија заканувачки пораки потпишани со „Алах акбар“

А1он

Брвеница избира градоначалник

Горан Наумовски