Дабиќ: Османи го партизира МНР со конзули и измислени позиции за национални координатори

Од:

Дипломатијата е киднапирана од партиски кадри, а во МНР брзаат да се наполнат дипломатските места пред избори со селективно унапредување на кадри, смета амбасадорот Зоран Дабиќ.

Амбасадорот Зоран Дабиќ, поранешен Шеф на Мисија на РМ во ОБСЕ и ООН во Виена и НАТО во Брисел, а сега прв човек на Македонскиот дипломатски синдикат во разговор за „А1он“ вели дека пред дваесетина години МНР не било на удар на партииите затоа што важело за неатрактивно министерство во кое нема тендери и не се прават пари, но имало голем углед.

– Денес е навистина киднапирана дипломатијата од партиите. Пример е презентерката од Алсат што требаше да оди во Њујорк, како и син му на аналитичарот Алберт Муслиу, Петри, кој стана генерален конзул во Чикаго што е рамно на амбасадор. Таму дипломат под 40 години ние не би пуштиле. Партизацијата води до селективно унапредување на кадри. Дури и законски обврски не се спроведуаат ако тоа не им одговара партиски – истакна Дабиќ.

Во МНР не се прават обуки во последните 15 години кои се курс без кој министерот не може да ги унареди кадрите, освен со дискреционо право кое Османи сега не го користи затоа што во таа група нема партиски членови за да се унапредат.

– Има две три повисоки звања кај што луѓето мора да поминат мала обука за да стекнат звања, на пример прв секретар за советник треба да полага советнички испит. 15 години не се прават обуки за министер советник бидејќи во таа група нема партиски членови. Османи не може да ги унапреди затоа што немаат обука и без тој курс нема унапредување по закон, освен со дискреционо право на министерот – вели Дабиќ.

Според него, целта на Османи е да се наполни МНР со лојални и неквалитетни кадри кои во следните 30-40 години тие ќе ни ја водат дипломатијата. Се изигрува и Законот затоа што напредувањето таму е бавно, дипломат со звање советник после четири години може да се стекне со звање министер советник, а тоа за Османи е многу долго време за впумпување кадри.

– Порано имаше неколку три од четири национални координатори. Сега има околу 40 државни координатори, а тоа се измислени функции. Министерот му дава на некој млад партиски кадар да биде национален координатор и го држи на оваа функција три до четири месеци. Потоа дискреционо го унапредува него, а назначува нов национален координатор кој е почетник таму. Тоа се координатори на хартија, тоа е фаза на кревање кадри – обвини Дабиќ.

Овој партиски процес во МНР е причина најискусните дипломати да бидат тргнати на страна, а министерот Османи да комуницира само со своите советници од кабинетот во кој сега има триесетина луѓе.

– Во МНР, освен партизација, сега имаме и централизација. Дипломатите директно не креираат политика, но пости колегиум на кој министерот ги собира директорите на сектори кои го пренесуваат мислењето на вработените од секторите, а на крајот министерот решава затоа што одговорноста е негова. Но, Османи не комуницира со колегиумот во кој има директор за НАТО, директор за ЕУ, директор за Западна европа. Османи си направил паралелна структура. Има советник за НАТО, а имаме цела структура за НАТО со директор и извршители. Оваа структура атрофира затоа што Османи го слуша само советникот, а не директорите кои имаат поголемо искуство – откри амбасадорот за „А1он“.

Би можело да ве интересира

Засега нема македонски државјани што побарале помош или евакуација од Либан

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ

Демаршот на бугарскиот амбасадор ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот Муцунски

Македонската амбасадорка во Софија повикана во бугарското МНР поради изјавите на вицепремиерот Николоски

Косовско МНР: Недостоинствен однос кон Османи на скопскиот аеродром