„Да! Тој доаѓа“ е новиот слоган на ДУИ со кој се најавува првиот премиер Албанец

Од:

Политичкиот договор помеѓу Али Ахмети и Зоран Заев за прв Албанец премиер кој го најави Бујар Османи, а го потврди Артан Груби во интервју за косовска телевизија, ДУИ почна да го рекламира преку нов партиски слоган „Да! Тој доаѓа“.

Слоганот е споделен од членови на партијата во коментот кога таканаречената „огнена група“ на ДУИ предводена од Изет Меџити одржува чести средби со граѓаните и симпатизерите на ДУИ.

По маркетиншкото ребрендирање во зелена боја што требаше да значи приклучување кон борба за животна средина, како и по изборната кампања во 2020 година кога истрча со слоганот „Премиер Албанец, зошто не“ и презентираше свој кандидат за премиер, ДУИ се досети на нов трик во политичкиот маркетинг со кој веројатно најави преземање на премиерската функција од Албанец.

Министерот Бујар Османи како нов координатор на огранокот на ДУИ во Чаир прв најави дека наскоро Албанец ќе биде премиер, а Артан Груби гостувајќи на телевизија во Косово потсети дека договорот што бил постигнат меѓу лидерот Али Ахмети и поранешниот премиер Зоран Заев предвидува во последните 100 дена од мандатот на Владата функцијата да ја извршува Албанец, а на тоа се согласил и актуелниот премиер Димитар Ковачевски.

Артан Груби додаде и дека нема амбиции да биде премиер туку дека сака да го паметат по реализацијата на коридорите 8 и 10.

– Имавме модерна кампања во 2020 година која одекна во Тирана и Приштина дека е дојдено времето Македонија да добие прв премиер Албанец. Ова е проект на Али Ахмети, а тој не греши во изборот. Јас немам такви амбиции затоа што сакам да ме паметат по реализацијата на коридорите 8 и 10 – изјави вицепремиерот Артан Груби.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Партнерите од ЛЕН се понижуваат за да му се допаднат на премиерот

(ВИДЕО) СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра

ДУИ: Мицкоски е политичар кој ја има изградено својата кариера врз омраза, исклучивост и национализам

Горан Наумовски

Влен: Нема да молчиме пред клеветите, тука сме да ја изнесеме вистината на виделина

ДУИ: Прво Коридорот 8 го прогласија за закана по националниот идентитет, а сега се фалат со него

ДУИ: Нашиот глас ќе се слушне, Охридскиот договор нема да се погази