Зеленски и украинскиот воен врв решија да продолжи одбраната на Бахмут

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговата воена команда се согласија да продолжат да го бранат Бахмут, град во источна Украина кој беше предмет на немилосрдни борби, соопшти кабинетот на претседателот.

По состанокот на кој присуствуваа претседателот, главните владини претставници и воените команданти, канцеларијата на Зеленски објави во соопштение: „По разгледувањето на одбранбената операција во насока на Бахмут, сите членови … изразија заеднички став за продолжување на одржувањето и одбраната на градот Бахмут“.

Русија смета дека заземањето на Бахмут би го отворило патот кон другите градови и на крајот заземање на целиот Донецк, додека Украина продолжува да го брани тој град за да ја измори руската армија и да подготви контраофанзива.

Во понеделникот вечерта Зеленски рече дека иднината на Украина зависи од исходот на борбите на истокот на земјата, вклучително и околу Бахмут.

Русија ја засилува својата зимска офанзива за да го заземе. Уништениот рударски град стана главна цел на руските сили, а повеќемесечната битка за Бахмут се претвори во најкрвавата пешадиска битка во Европа по Втората светска војна.

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Зеленски: Украина нема доволно сила

Зеленски: Кој ќе и помага на Русија ќе му се одзема се

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп