ВИДЕО: Еден од најголемите протести во историјата на Израел се одржа вчера

Од:

Стотици илјади луѓе синоќа протестираа во Израел против планираните реформи во правосудството, десетта сабота по ред.

Протестите не покажуваат знаци на забавување, а во некои градови е забележан рекорден број учесници, јавуваат израелските медиуми.

Си-Ен-Ен пишува дека на улиците излегле околу половина милион луѓе.

Само во Тел Авив се собраа околу 240.000 демонстранти, а во Хаифа многу помалку, околу 50.000.

Протести против контроверзната реформа се одржаа и во Ерусалим, Бершеба, Еилат и неколку други градови.

Пред неколку дена, израелскиот претседател Исак Херцог за прв пат јавно проговори против плановите на десничарската влада. Тој рече дека реформата во судството е грешка, дека е репресивна и дека ги поткопува демократските основи на Израел.

Тој рече и дека е договорен компромис меѓу поддржувачите и противниците на реформата. Деталите за компромисот се уште не се познати на јавноста. Клучните елементи на реформата би можеле да поминат на последното гласање во парламентот следната недела, објавија израелските медиуми.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас