Костовски: Арсовска се чуди како сум можел да бидам против нејзе, нека не се чуди, јас секогаш ќе бидам на страната на народот

Од:

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски ги отфрла обвинувањата на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во врска со проектот за изградба на булеварот „Боца Иванова“ и обвинува дека таа, а не тој, прави политиканство.

-За помалку од две години, Арсовска се скара со ВМРО-ДПМНЕ, со синдикатот во Водовод, со синдикатот на ЈСП, со директорите на сите претпријатија за кои велеше дека се најдобри за модерно Скопје. Се скара и со МКЦ и вработените, со приватните превозници, со градоначалниците од ЗЕЛС, а деновиве започна да се кара и со народот од општина Бутел, пишува Костовски во објава на Фејсбук.

Тој вели дека на Арсовска, ниту еднаш не и посочил дека најголем проблем во неговата општина е таа улица која за неа е приоритет, поради, како што вели, лични причини.

-Многу симтоматично зошто Арсовска инсистира да не ја промени трасата, а приватната фирма да ја изгради трасата која вети дека ќе ја ревидира пред изборите, пишува Костовски и најавува дека повеќе детали ќе изнесе на прес – конференција во понеделник.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања