Кинескиот парламент, Народниот национален конгрес, денеска го реизбра Кси Џинпинг за претседател на Кина, кој доби трет петгодишен мандат.
Ова претставува историски преседан во оваа земја.
Во исто време, Кси Џинпинг беше избран за претседател на Централниот воен совет на Кина.
На изборите немало друг кандидат, а гласањето траело еден час, додека резултатите се пребројувале електронски за 15 минути, пренесува Ројтерс.