Синоќа во 23.25 часот во Ресен, полициски службеници од полициската станица Ресен го уапсиле М.Ф.(68) од Битола. Тој бил фатен веднаш по извршување кривично дело „тешка кражба“ во џамија на улицата „Таше Милошевски“, каде што влегол со употреба на сила и подесен алат и одзел пари.
Кај него биле пронајдени парите и биле вратени на одговорното лице во џамијата.
Крадецот е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, тврди МВР.