Руските војници го опкружуваат Бахмут, поради што украинските сили размислуваат за повлекување, изјави советник на украинскиот претседател.
Александар Родњански за Си-Ен-Ен изјави дека Русите се обидуваат да ја изведат операцијата со помош на платеничката група Вагнер. Според него, украинските војници ќе бидат принудени да се повлечат или на „стратешко предавство“ доколку се процени дека цената да се задржи Бахмут е превисока.
Ќе ги одмериме сите опции, рече Родњански, додавајќи дека Украина нема да го жртвува целиот свој народ „за ништо“.
Сепак, тој нагласи дека војската и нејзините команданти треба да донесат одлука каков чекор ќе биде преземен.
Деновиве жестоко се води битката во Бахмут и околу овој град. Двете страни се напаѓаат со сите можни средства, според извештаите во вестите.
Не се знае ниту кој претрпел поголеми загуби ниту клкави се. Единствено што е нагласено е дека е стратешки важна битка која Русија би можела да ја искористи како „пресвртница“.