(ВИДЕО) Турските спасувачи спасија коњ кој минал 21 ден под урнатините

Од:

Турските спасувачи под надзор на ветеринар извлекоа од урнатините коњ кој помина 21 ден заробен во зграда во Адијаман.

Видеото од спасувањето го објави турското Министерство за земјоделство и шумарство.

Животното е извлечено од непристапен терен. По преглед од страна на ветеринар, кој утврдил дека животното нема повреди опасни по живот, коњот е вратен на сопственикот.

Во меѓувреме, во Хатај беше отворена полска болница за спасени животни. Десетици волонтери бараат домашни миленици.

Турција беше погодена од два разорни земјотреси на 6 февруари, во кои досега загинаа најмалку 44.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Малата Афра родена под урнатините во Сирија денеска живее без своите родители кај роднини

Горан Наумовски

Турција: Бебето што 128 часа беше под урнатините, по 54 дена повторно е со својата мајка

Горан Наумовски

Чудо во Турција, спасена е мачка од под рушевините дури 49 дена по земјотресот: Не можеле да им веруваат на очите кога почнале да ги отстрануваат урнатините

Горан Наумовски