Хонг Конг ќе стави крај на обврската за носење маски во борбата против коронавирусот, рече главниот извршен директор на регионот Џон Ли во обид да привлече посетители и бизниси и да го врати нормалниот живот по повеќе од три години по наметнувањето строги правила.
Укинувањето на барањето за маска во Хонг Конг ќе стапи на сила од среда, 1 март, рече Ли на брифингот со новинарите. Специјалниот административен регион Хонг Конг е едно од последните места во светот каде носењето маски сè уште е задолжително.
Административните региони на Хонг Конг и Макао ја следат кинеската политика на нулта толеранција за коронавирусот во последните три години. Хонг Конг почна да ги укинува рестриктивните мерки минатата година, но обврската за носење маски е на сила од 2020 година.
„Сметаме дека ова е најдобро време да се донесе оваа одлука. Тоа е јасна порака што покажува дека Хонг Конг се враќа во нормала“, рече Ли. Во местата со висок ризик, како што се болниците, менаџерите можат да одлучат дали да бараат од персоналот и посетителите да носат маски, додаде тој.