САД и се закани на Кина: Воена помош за Русија би имала висока цена

Од:

Кина не направи ништо во смисла на испаќање оружје во Русија за да и помогне да ја нападне Украина, а САД јасно ставија до знаење дека таквиот потег ќе има сериозни последици, рече советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.

„Пекинг ќе мора сам да одлучи како ќе продолжи, дали ќе обезбеди воена поддршка, но ако тоа го направи, тоа ќе има реална цена за Кина“, рече Саливан во интервју за Си-Ен-Ен.

Кина не направи ништо во однос на обезбедувањето на таа поддршка, но ниту пак ја отфрла таа опција, рече Саливан во интервју за ABC.

Американските власти ги предупредија своите кинески колеги зад затворени врати за тоа колкава би можела да биде цената, рече тој, но одби да навлегува во детали.

Директорот на ЦИА Вилијам Барнс испрати слична порака до Кина.

„Уверени сме дека кинеското раководство размислува за испраќање воена опрема. Исто така, не гледаме дека сè уште е донесена конечна одлука и не гледаме докази дека навистина има пратки со воена опрема“, изјави Барнс за CBS.

Би можело да ве интересира

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

ВИДЕО: Русија нема да победи му порача Бајден на Зеленски, украинскиот претседател на средба со Трамп

Катерина Ѓуровски

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин