Бразилецот Кашемиро со години беше еден од најдобрите играчи од средниот ред во шпанската Ла Лига, а одлично се снајде и во англиската Премиер – лига. Тој направи и компарација меѓу двете првенства.
„Не сакам да ја потценувам Ла Лига, но натпреварите во Англија се многу потешки“, изјави Кашемиро.
Брилијантниот Бразилец ова лето се пресели од Реал Мадрид во Манчестер Јунајтед и се покажа како одлично засилување.
За „кралскиот клуб“ играше вкупно девет сезони. Освои многу трофеи, дури петпати го крена пехарот во Лигата на шампионите, но само три пати беше најдобар во Ла Лига.
За Бразил одигра 69 натпревари и постигна шест гола.