Сомнителниот пакет бил фрлен до Генералниот конзулат на Русија во Солун.
Полицијата ја блокирала улицата и извршила контролирана експлозија, по што било утврдено дека во пакетот нема ништо опасно.
– Непознат средовечен маж, со капа на главата и слушалки, помина покрај конзулатот и фрли црн пакет на кој пишуваше „Руски свет“, изјави в.д. Генералниот конзул Јулијана Гајфутдинова.
Според неа, конзулатот не работел и немало вработени во зградата. Полицијата за Спутник потврди дека во пакетот нема ништо опасно.
Тој дел од градот далеку од плоштадот Аристотел беше блокиран.