Бројот на загинати како последица на обилните дождови кои ги опустошија крајбрежните области на југоисточната бразилска држава Сао Паоло се искачи на 48, а според прогнозата, врнежи се очекуваат и денеска попладне.
„Паузите“ на облаците кои траат веќе неколку дена предизвикаа лизгање на земјиштето и поплави во крајбрежните градови на најбогатата бразилска држава, каде што паднаа повеќе од 600 мм, т.е. 600 литри вода на метар квадратен.
Претходниот ден беа евидентирани 46 жртви, а итните служби стравуваат дека денешниот број од 48 починати за жал ќе се зголеми. Спасувачите сега трагаат по десетици исчезнати лица.
Речиси сите загинати се од градот Сао Себастијан, 200 километри од Сао Паоло. И блиските градови Илхабела, Карагуататуба, Бертиога и Убатуба беа тешко погодени од временските услови.
Автопатите Моги-Бертиога и Рио-Сантос беа затворени поради лизгање на земјиштето.