ДУИ: ВМРО и Мицкоски ги поттикнуваат изјавите за војна против Албанците

Од:

„И втор ден по ред по скандалозните изјави на Александар Николоски во кои повикува на војна среде собрание, слично и на наративот од 27 април, ниту Мицкоски, ниту ВМРО ДПМНЕ не се дистанцира од тие закани“, велат од ДУИ.

„Николоски е поттикнат од неговиот лидер Мицкоски кој што објавува слика од заклетва во маскирна униформа, со празен калашников во рацете, и опкружен со деца и жени, во кој што демонстрира закани кон Албанците.

Мицкоски се уште не одговори дали има вистина во тврдењата на неговите градоначалници дека изрично им забранил да ги легализираат домовите на Албанците во тие општини иако ги исполнуваат законските услови, дека им забранил да соработуваат со Албански бизнисмени и да не издаваат дозволи за градба, со порив од расистички демографски политики.

Нивната мртва трка со Левица на Апасиев поттикнува етничка нетрпеливост која што ја гледаме и слушаме секојдневно на контактните емисии на македонски телевизии и тоа е директна последница на наративот и сликите нa Мицкоски, Николоски, Апасиев“, соопштуваат од ДУИ.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Реформата на ДУИ почнува и завршува со Блерим Беџети

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Адеми: Испишана е историја, во Општина Чашка ќе имаме градоначалник од Националната алијанса за интеграција

Горан Наумовски

Адеми: НАИ победи во прв круг во две општини Липково и Пласница

Адеми: Oвие избори ги сметаме за слободни, фер и демократски

Бајрам Реџепи: Тетово треба да биде инклузивна и отворена општина

А1он