А.Д. МЕПСО и компанијата „Енерго систем“, изведувач на проектот за изградба на сноуборд парк во ски центарот „Пониква“, извршија успешно тестирање на топовите за подготовка на вештачки снег за скијачките патеки.
А.Д. МЕПСО во рамки на својата програма за општествена одговорност донираше околу 1 милион евра за изградба на систем за создавање вештачки снег на двете скијачки патеки во ски центарот „Пониква“. Проектот вклучува изградба на вештачка акумулација за вода од која ќе се прави вештачки снег, електроенергетска и водоводна инфраструктура за пренос на водата до патеките и за подготовка на вештачки снег. За таа намена набавени се пет топови за создавање вештачки снег, поставено е осветлување на двете скијачки патеки и набавени се реквизити за поставување сноуборд парк на една од скијачките патеки на „Пониква“.
Во проектот за потребите на скијачкиот центар „Пониква“ набавени се возило за подготовка на скијачки патеки (популарно наречено „Ратрак“) и снежна моторна санка.
– Со овој проект во рамките на програмата за општествена одговорност А.Д. МЕПСО даде придонес за збогатување на понудата на ски центарот „Пониква“, за продолжување на скијачката сезона и подобрување на вкупната туристичка понуда на ски центарот „Пониква“, стои во соопштението од МЕПСО.