МПЦ нема против што некои цркви не признаа без придавката „македонска“

Од:

Светиот архиерејски Синод на МПЦ-ОА ги поздрави одлуките на Романската и на Чешката црква за признавање на нејзината автокефалност иако тие во своето општење со МПЦ нема да ја користат придавката „македонска“.

„Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, на својата редовна седница во работен состав, одржана на 21 февруари 2023 година, разгледа повеќе прашања од црковниот живот и односите со Помесните Православни Цркви и ги поздравува одлуките на оние кои Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија во меѓувреме ја признаа како автокефална Црква или ја примија во евхаристиско и канонско општење.

„Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија е чувар на нејзиниот Уставен поредок и норми кои што се однесуваат на нејзиното уставно име МПЦ – ОА и нејзиниот автокефален статус и се раководи по светите канони, догми, Светото писмо и Светото предание. Поглаварот и архијереите – членови на Синодот на Светата Македонска Православна Црква категорично ги чуваат, одржуваат и не се откажуваат од нив“, соопштија од Светиот синод.

Ова доаѓа две недели откако Романската православна црква да ја признае автокефалноста на Македонската православна црква врз основа на томосот издаден од Српската православна црква, но притоа донесе одлука како ќе ја именува македонската црква во меѓусебната комуникација.

Се одобрува признавањето на автокефалноста доделена на Црквата во Република Северна Македонија под името „Архиепископија Охридска и Северна Македонија, со седиште во Скопје“ од страна на Патријаршијата на Србија со нејзиниот синодален Томос издаден на 5 јуни 2022 година. Неговиот поглавар ќе биде одбележан со наслов „Неговото Блаженство Архиепископ Охридски, Скопски и Северна Македонија Стефан“, одлучи Синодот на Романската православна црква.

Додека Православната црква на Чешка и на Словачка пак, соопшти дека ја прифаќа одлуката на Вселенската патријаршија за МПЦ-ОА за доделување автокефалност и дека ќе воспостави канонско општење со МПЦ нарекувајќи ја „Православна Црква во Северна Македонија“.

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

Став на Мицкоски за случајот „Галате“: Ваков тип на инциденти ќе има и во периодот кој што следи

Жителите на Галате бараат мирно решение на случајот и се оградуваат од настаните

Горан Наумовски