ВИДЕО: Уништени околу 1.400 килограми дрога и 270 парчиња оружје запленети минатата година

Од:

Околу 1.400 килограми различни видови дрога и околу 270 парчиња оружје запленети во текот на минатата година вечерва се уништени во кругот на фабриката „Макстил“.

Во рок од шест месеци ова е второ уништување на запленета дрога и оружје со што вкупно се уништени околу 12 тони разновидна дрога.

– Денешново, како и претходното уништување на дрога и оружје, е резултат на големиот број константни оперативни акции и активности што МВР ги спроведува во изминативе неколку години со цел спречување на нелегалната трговија со дрога и прекурсори за што зборува фактот дека минатата 2022 година ја завршивме со запленети рекордни над 2,4 тони дрога и 20 тони прекурсори. Сузбиени беа 12 организирани криминални групи со откриени со над 660 кривични дела и 770 сторители на кривични дела, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Посочи дека се бележи пораст од 18 проценти во борбата против недозволената трговија со оружје и дека се откриени 127 парчиња оружје и 5.103 парчиња муниција.

Бројките ги потврдуваат сериозните успеси во борбата со недозволената трговија со дрога која ова раководство на МВР уште во почетокот ја постави како еден од своите приоритети во која нема место за никакви компромиси, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски