ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се синоним на блокада

Од:

„ВМРО ДПМНЕ на Христијан Мицкоски е судски потврдено криминално здружение, но и без тоа, нема граѓанин во нашата држава, дури и членовите на ВМРО ДПМНЕ знаат, дека корупцијата и организираниот криминал во нашата земја е измислена и перфекционирана од страна на ВМРО ДПМНЕ“, велат од ДУИ.

„Унапредениот син од страна на неговиот татко на факултет, Христијан Мицкоски, идеолошки партнер на Додиќ, Јанша, Орбан и Апасиев, и политички хидро-бизнисмен, соработник со неговите бивши заменици и анти НАТО и анти ЕУ елементи во нашето општество, нема ниту кредибилитет, ниту поддршка да говори и обвинува за корупција, ниту за иднината на нашата земја која што ја држи во заложништво и блокада.

ВМРО ДПМНЕ е синомин на корупција, потврдено од самите партиски челници со признание пред Судот, потврдено од судот и со целосно државно конфискуван имот. Тоа го потврди и Данела Арсовска. Тоа го знае секој граѓанин во Северна Македонија. Тоа го знае цела меѓународна заедница

ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски се синоним на блокада. Го блокира Собранието, општините, Владата, сите проекти, и цела држава. Тоа е вистинската корупција.

ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски се синоним за заложништво. Нема поголема корупција од заложништвото на ВМРО ДПМНЕ на своите граѓани и нивната европска иднина.

ВМРО ДПМНЕ е во мртва рацистичка трка со Левица која да биде по анти-албанска партија. И Мицкоски и Апасиев ги гледаат Албанците само како слуги, како граѓани од втор ред, Албанци кои не смеат да бидат на високи државнии позиции, и тие што се на тие позиции, веднаш ги напаѓаат со клевети, лаги, измислици, без никакви факти и аргументи.

Координираните напади со Левица врз Албанците имаат за цел да ја прикиријат и одлуката на Судот за Човекови Права од Страсбург за криминалот и корупцијата на ВМРО ДПМНЕ потврдена од цел свет.

ВМРО ДПМНЕ и Левица се осамени во нивниот коруптивно – заложнички свет и уште долго време ќе останат во опозиција затоа што немаат поддршка и немаат партнер, ниту домашен, ниту меѓународен“, соопшти ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче