(ВИДЕО) Двојно чудо се случи Хатај, после 11 дена спасени двајца мажи

Од:

Двојно чудо се случи на 11-тиот ден од земјотресот во областа Антакија во Хатај, Турцја. Мехмет Али Шакироглу (26) и Мустафа Авџи (34) се извлечени од урнатините.

Спасувачките служби прво го извлекле Шакироглу, а потоа и Авџи.

Мустафа Авџи телефонски разговарал со својот брат со помош на еден од спасувачите и прво што го прашал својот брат е: „Дали сите преживеаја, како е Назли? Сакам да им ги слушнам нивните гласови само малку“.

И Мехмет Али Шакироглу контактирал со својот татко да му каже дека е спасен.

Двајца повредени од земјотресот по првата интервенција на медицинските екипи се пренесени во болница.

Би можело да ве интересира

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Малата Афра родена под урнатините во Сирија денеска живее без своите родители кај роднини

Горан Наумовски

Турција: Бебето што 128 часа беше под урнатините, по 54 дена повторно е со својата мајка

Горан Наумовски

Чудо во Турција, спасена е мачка од под рушевините дури 49 дена по земјотресот: Не можеле да им веруваат на очите кога почнале да ги отстрануваат урнатините

Горан Наумовски