Грчки спасувач од под урнатините спаси девојче во Турција

Од:

На социјалните мрежи се појави фотографија со потписот и се рашири како шумски пожар.

„Грчки спасител спаси мало девојче во Турција од урнатините…“

Грција и Турција се во несогласувања со децении за низа нерешени прашања, од територијалните права во Егејското Море до етнички поделениот Кипар и миграцијата.

И покрај долгогодишната историја на ривалство со Турција, Грција беше меѓу првите европски земји кои испратија спасувачи и хуманитарна помош, неколку часа по катастрофата, за која објавија сите светски медиуми.

Грчките власти претходно објавија дека грчки тимови извлекле пет преживеани од урнатините во турскиот град Хатај.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во понеделникот му се јави на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за да му изрази сочувство за изгубените животи.

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас беше првиот европски министер кој покажа поддршка во Турција по разорниот земјотрес, објави Гардијан.

Како дел од хуманитарната помош, Грција испрати илјадници шатори, кревети и ќебиња во Турција по земјотресите во таа земја и Сирија, во кои бројот на загинати, според последните информации, е близу 42.000, додека стотици илјади останаа без дом.

Атина планира да обезбеди вкупно 80 тони хуманитарна помош, која покрај ќебиња, кревети и шатори, ќе вклучува и медицинска помош, соопшти Министерството за цивилна заштита на Грција.

Голема е поддршката на локалните власти, агенциите и обичните граѓани низ Грција. Во средата од Пиреја тргна првиот брод со хуманитарна помош за Турција. Камиони од Солун ќе превезуваат помош по пат. Целта е континуирано обезбедување на хуманитарен материјал.

Би можело да ве интересира

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Малата Афра родена под урнатините во Сирија денеска живее без своите родители кај роднини

Горан Наумовски

Турција: Бебето што 128 часа беше под урнатините, по 54 дена повторно е со својата мајка

Горан Наумовски

Чудо во Турција, спасена е мачка од под рушевините дури 49 дена по земјотресот: Не можеле да им веруваат на очите кога почнале да ги отстрануваат урнатините

Горан Наумовски