Татко и ќерка со часови чекале помош под урнатините во Турција, а до нив лежела мртвата баба

Од:

Татко и ќерка преживеаја четири дена во урната зграда по разорниот земјотрес што ја погоди Турција.

Џем Окур (42) и неговата ќерка Танем Сафије (8) преживеаја без сериозни повреди, а со денови беа заглавени во темнина под урнатините по разорниот земјотрес што ја погоди Турција на 6 февруари.

Џем објасни дека обидувајќи се да не размислуваат за несреќата што ги снашла, играле „хартија, карпа, ножици“, надевајќи се дека помошта ќе пристигне пред да биде предоцна.

Поминале дури 101 час додека спасувачката екипа успеала да стигне до таткото и ќерката, а при потрагата била пронајдена и бабата на девојчето, која лежела мртва во соседната соба, бидејќи урнатините паднале врз неа.

Во изјава за медиумите, таткото се присетил како отишле да спијат, а потоа ги разбудила катаклизма.

– Беше како армагедон и изгледаше лошо. Првите минути беа страшни. Горните катови беа уништени, а таванот над нас се сруши така што останавме заглавени во празнина висока еден метар. Не можевме да видиме ништо и моравме да ползиме по подот за да дојдеме еден до друг. Изгледаше како да нема воздух – изјави Џем за Дејли Мејл.

Најголемиот страв на овој Турчин бил дека ќе остане без воздух и вода пред спасувачите да стигнат до нив, но талкајќи наоколу во темнината успеал да најде шишиња со вода. Тажно е што освен што се плашеше за животот на својата ќерка, размислуваше и за фактот дека неговата мајка најверојатно е мртва, но се обиде да го сокрие тоа од Тан.

– Бевме блиски и упорно игравме детска игра, но не се смеевме додека ја игравме. Пеевме песни, раскажувавме приказни и го молевме Господ да не спаси – се присети таткото.

Џем одвреме-навреме удира со камен во ѕидот со надеж дека спасувачите ќе го слушнат звукот и така ќе ги најдат, а овие негови напори вродиле со плод.

Танем беше првата што беше спасена бидејќи беше доволно мала за да се излезе низ дупката која ја направиле спасувачите и беше однесена до амбулантно возило, а потоа Џем беше извлечен. Тој повторно беше споен со ќерката во болница, пишува Дејли Мејл.

Би можело да ве интересира

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Малата Афра родена под урнатините во Сирија денеска живее без своите родители кај роднини

Горан Наумовски

Турција: Бебето што 128 часа беше под урнатините, по 54 дена повторно е со својата мајка

Горан Наумовски

Чудо во Турција, спасена е мачка од под рушевините дури 49 дена по земјотресот: Не можеле да им веруваат на очите кога почнале да ги отстрануваат урнатините

Горан Наумовски