Џеј-Пи Морган: Директната штета од земјотресот во Турција би можела да изнесува 25 милијарди долари

Од:

Директната штета од урнатите објекти во Турција во разорниот земјотрес на 6 февруари може да достигне 2,5 отсто од бруто домашниот производ на државата, што е еквивалентно на 25 милијарди долари, објави денеска американската банка „Џеј-Пи Морган“.

Вкупниот број жртви од земјотресот, во Турција и во Сирија, достигна повеќе од 41.000 луѓе. Милиони имаат потреба од хуманитарна помош, а многу преживеани останаа без покрив над главата на речиси ниски зимски температури.

Џеј-Пи Морган очекува турската централна банка да ја намали основната каматна стапка за уште 100 базични поени на 8 отсто на следниот состанок.

„Не исклучуваме ново зголемување на каматните стапки пред изборите (во Турција) кои се закажани за 18 јуни. Сепак, сметаме дека каматната политика на земјата веќе не е толку адекватна на реалноста, бидејќи механизмот на трансформација на монетарната политика во Турција е нарушен“, наведе Фатих Акчелик, економист на Џеј-Пи Морган.

Би можело да ве интересира

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Малата Афра родена под урнатините во Сирија денеска живее без своите родители кај роднини

Горан Наумовски

Турција: Бебето што 128 часа беше под урнатините, по 54 дена повторно е со својата мајка

Горан Наумовски

Чудо во Турција, спасена е мачка од под рушевините дури 49 дена по земјотресот: Не можеле да им веруваат на очите кога почнале да ги отстрануваат урнатините

Горан Наумовски