(ФОТО) Се сруши дел од мостот меѓу Ѓорче и Геге – санацијата ќе почека

Од:

Паднал дел од мостот надвозник кој ги поврзува Ѓорче Петров и населбата Ге-Ге.

Доцна синоќа граѓани забележале дека е откорната оградата, но и дека недостасува страничен дел од мостот, па веднаш алармирале и го пријавиле случајот.

Центарот за управување со кризи (ЦУК), по стигнатата дојава, ги алармирал надлежните. Јавното претпријатие  „Улица и патишта“ излегло на терен и привремено го обележале и обезбедиле местото, за да се отстрани опасноста по граѓаните.

За целосна санација ќе се почека, бидејќи според информациите ќе следела поопсежна акција и работа на службите надлежни за санирање на мостот – надвозник.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Најдолгиот мост на светот е во Луизијана – 39 километри

А1он

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски