Димитриеска Кочоска: Откажувањето на еврообврзницата го сруши угледот на земјата

Од:

Владата на СДСМ и ДУИ на Македонија и го приреди најголемото понижување и срам на меѓународните финансиски пазари. Откажана е еврообврзницата на износ од 600 милиони евра со причина која е неразбирлива за финансискиот свет. Во исто време Владата на СДСМ и ДУИ им покажува на инвеститорите колку се несериозни и на тој начин Македонија го зголемува својот репутациски ризик за сега и за во иднина рече на прес конференција потпреседателката на ВМРО-ДПМНЕГордана Димитриеска Кочоска.

– Целата ситуација може да се гледа од две страни. Првата, зошто министерот за правда не ги потпишал документите поради кои се откажа еврообврзницата. Дали тој има некакви информации дека парите ќе бидат злоупотребени или пак причината е лична одмазда заради неговата промена? Или е нешто трето? Од друга страна зошто владата дозволи да се издаде еврообврзница во период кога се спремале промени на министри. Ова јасно покажува дека желбата да се задржи власта е огромна, па дури и по цена да се уништи државата. Сега разговараат за нови министри, нови коалициони партнери ама без пари ја оставија државата и во исто време и ја уништија иднината. Сега таа иднина е многу понеизвесна, и ќе не чини многу поскапо вели Кочоска.

Следното издавање на еврообврзница веќе е многу ризично како од аспект на тоа дали ќе има интерес после ваквото промашување и доколку го има која ќе биде цената која ќе ја платиме, а секако ќе биде повисока отколку денес тврди Кочоска.

– И она што е клучно, кој е одговорен за сето ова? Издавањето на еврообврзница е премногу скапа работа за Македонија. Ангажирани беа четири меѓународни финансиски институции кои наплаќаат високи провизии. Провизиите ќе бидат наплатени иако постапката не е завршена до крај. За повторување на истата постапка повторно ќе се плаќаат огромни провизии. Дали е тоа целта? Немаме за лекови ама ќе покриваме трошоци заради неодговорни и незрели политички одлуки рече потпреседателката на опозициската партија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници а СДСМ 21, изгубија 140.000 гласови и попусто лажат со весели математики

ВМР0-ДПМНЕ: Ако утре има парламентарните избори, ќе освоиме над 60 пратеници, а СДСМ би била во некои изборни единици трета партија

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 550 советнички места, повеќе за 82 од минатите локални избори, а СДС освои само 230 советника, што е помалку за 166