Турската полиција денеска соопшти дека уапсила 78 лица обвинети за создавање страв и паника со споделување на „провокативни објави“ за земјотреси на социјалните мрежи, како 20 од нив да се наоѓаат и во истражен затвор.
Генералниот директорат за безбедност на Турција објави дека се идентификувани 613 лица обвинети за правење провокативни натписи, 193 од нив се кривично гонети, а главниот обвинител наредил апсење на 78 од нив, пренесе Ројтерс.
Од Директоратот додаваат дека 46 веб-страници биле затворени поради т.н „фишинг измама“ наменета за кражба на донации за жртвите од земјотресот и дека 15 сметки на социјалните мрежи кои се претставувале како официјални институции биле затворени.
Турскиот директор за комуникации Фахретин Алтун претходно оваа недела твитна дека Турција се соочува со „сериозно загадување на информациите“ и дека властите ќе дистрибуираат дневен билтен во кој ќе ги поправаат лажните информации, додавајќи дека во неделата по земјотресот, околу 6.200 лажни информации биле пријавени до владата и вести, додаде Алтун, пренесува Танјуг.
Ројтерс потсетува дека минатиот октомври турскиот парламент усвои закон според кој новинарите и корисниците на социјалните мрежи можат да бидат осудени на три години затвор за ширење „дезинформации“, што предизвика загриженост меѓу групите за човекови права и европските земји во однос на слободата на говорот.