Во Адијаман, еден од градовите најтешко погодени од минатонеделниот разорен земјотрес во јужна Турција, една зграда остана недопрена среде урнатините. Станува збор за културниот центар Commagene, кој го изгради Министерството за индустрија и технологија со средства од ЕУ, пишува порталот Cumhuriye.
🔴 Çevresi yerle bir olurken, AB mevzuatlı binanın camları dahi kırılmadı: Kahramanmaraş Pazarcık merkezli meydana gelen depremde 10 il büyük yıkım yaşadı. Adıyaman’da standartlara uygun yapılan Kommagene Kültür Merkezi ise depremin https://t.co/8dzuNHWU0b pic.twitter.com/vSkUGI51i7
— 📰 TR HABER || Tüᴍ Hᴀʙᴇʀʟᴇʀ 🇹🇷 (@tr_hbr) February 14, 2023
Една од стотиците уништени згради во градот беше и таа на општината. Сепак, културниот центар „Комагене“, првата градска паметна зграда, која се наоѓа веднаш до општината, воопшто не беше оштетена. Ниту стаклата на зградата не се скршени.
Изградбата започна во 2020 година, а центарот беше отворен во септември 2022 година. Архитектите Јавуз Озкаја и Синан Ербуг стојат зад изградбата, додека самата зграда е под контрола на градот Адијаман.