Се повеќе спасувачи ја напуштаат Турција, багерите почнуваат да ги отстрануваат зградите, 42.000 од нив се урнаа

Од:

Спасувачите ја поминаа ноќта барајќи жртви затрупани под урнатините осум дена по најтешкиот земјотрес во модерната историја во Турција, но надежите за пронаоѓање на уште многу преживеани исчезнуваат денес.

Седумнаесетгодишник беше спасен жив од урнатините на станбен блок во турската провинција Адијман во вторникот, речиси 198 часа по разорниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди на 6 февруари, објави Си-Ен-Ен.

На телевизија, спасувачите биле видени како го носат на носилки до амбулантно возило кое ги чекало. Момчето било забележано и како ги движи прстите додека го носеле.

Малку порано спасувачите извлекоа двајца браќа од урнатините на станбен блок во соседната провинција Караманмарас.

Двајцата се пренесени во болница, но не се знае нивната состојба.

На друго место во Караманмарас, спасувачите се обидуваа да стигнат до баба, мајка и ќерка, сите од едно семејство, кои се чини дека го преживеале земјотресот и последователните потреси во кои загинаа повеќе од 37.000 луѓе во Турција и Сирија.

Но, други се подготвуваа за неизбежно скратување на операциите бидејќи ниските температури ги намалија и онака малите шанси за преживување.

Полските спасувачи најавија дека ќе заминат во среда.

Во разурнатиот сириски град Алепо, шефот за хуманитарна помош на ОН Мартин Грифитс рече дека фазата на спасување „се приближува кон крајот“ и дека фокусот е префрлен на засолниште, храна и школување.

Сирискиот претседател Башар ал Асад се согласи да дозволи да пристигне поголема помош на ОН од Турција, соопштија дипломати доцна во понеделникот.

Турските медиуми наведуваат дека спасувачите се надеваат дека ќе најдат преживеани на неколку локации во провинциите Караманмарас, Адијаман и Хатај, каде што има знаци на живот под урнатините.

Но, во јужниот град Антакија, багерите почнаа да уриваат тешко оштетени згради и да расчистуваат урнатини. Сините светла на брзата помош ги осветлиле полутемните улици каде се уште нема струја, а мирисот на чад го исполнувал воздухот.

Стотици луѓе го напуштаат градот секој ден, а оние што остануваат се собираат околу пожарите на аглите на улиците и во парковите и спијат во шатори или автомобили.

Додека работеле во текот на ноќта, спасувачите повремено повикуваа на тишина додека ги слушаа сите звуци на живот под урнатините.

Во Караманмарас, спасувачите рекоа дека оствариле контакт со баба, мајка и бебе заробени во соба во остатоците од трикатна зграда. Спасувачите ископале нов тунел за да стигнат до нив, откако во првиот наидоа на непремостливи пречки, а создаден е човечки синџир за носење на урнатините во кофи.

„Имам силно чувство дека ќе стигнеме до нив“, рече Бурџу Балдауф, шеф на турскиот доброволен здравствен тим. „Тоа е веќе чудо, по седум дена се таму без вода, без храна и се во добра состојба“.

Бројот на загинати во Турција сега го надмина 31.643 загинати во земјотресот во 1939 година, соопшти во понеделникот Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби, што го прави најлошиот земјотрес во модерната историја на Турција.

Би можело да ве интересира

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Малата Афра родена под урнатините во Сирија денеска живее без своите родители кај роднини

Горан Наумовски

Турција: Бебето што 128 часа беше под урнатините, по 54 дена повторно е со својата мајка

Горан Наумовски

Чудо во Турција, спасена е мачка од под рушевините дури 49 дена по земјотресот: Не можеле да им веруваат на очите кога почнале да ги отстрануваат урнатините

Горан Наумовски