Израелски спасувачки тим ја напуштa Турција: „Имаме информации за конкретна закана“

Од:

Израелскиот спасувачки тим Јунајтед Хацалах по шест дена ја напушта Турција поради „значителни безбедносни закани“.

Шефот за пребарување и спасување Ели Полак и заменик-претседателот на операции Дов Маисел во заедничка изјава рекоа дека „добиле информации за конкретна закана против израелскиот тим и дека безбедноста на персоналот мора да биде на прво место“, објави Си-Ен-Ен.

„Знаевме дека постои одреден степен на ризик во испраќањето на нашиот тим во областа на Турција што граничи со Сирија, но ги презедовме неопходните чекори за да ги минимизираме заканите и да обезбедиме успешна мисија за спасување животи“, се вели во заедничката изјава.

„Одлуката уследи по заедничката проценка на ситуацијата со водачите на Генералната команда на (израелските одбранбени сили) и единицата за пребарување и спасување што се одржа во саботата вечерта“, рекоа тие.

Поради потребата за брзо заминување на тимот и недостатокот на достапни авиони, Миријам Аделсон, вдовицата на починатиот американски републикански главен донатор Шелдон Аделсон, го донираше својот приватен авион за тимот да може да се врати во Израел.

Од друга страна, друга израелска хуманитарна група ИсраАид продолжува да помага во спасувачките операции во Турција. Засега не е јасно дали во одреден рок ќе се повлечат од Турција.

Би можело да ве интересира

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Малата Афра родена под урнатините во Сирија денеска живее без своите родители кај роднини

Горан Наумовски

Турција: Бебето што 128 часа беше под урнатините, по 54 дена повторно е со својата мајка

Горан Наумовски

Чудо во Турција, спасена е мачка од под рушевините дури 49 дена по земјотресот: Не можеле да им веруваат на очите кога почнале да ги отстрануваат урнатините

Горан Наумовски