Спасувачките тимови во Турција се уште трагаат по преживеани по разорните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија во понеделникот, на седмиот ден од потрагата.
Денеска спасувачите извлекоа две сестри од урнатините во провинцијата Адијаман на југоистокот на земјата, шест и пол дена, односно 153 часа по земјотресот.
Во истата провинција е спасено седумгодишно момче, јавува Анадолија.
Во јужната провинција Хатај, бебе и 64-годишна жена се спасени од под урнатините, 150 часа по земјотресот, јавува Анадолија.
Според последните податоци, во Турција загинале 24.617 лица, а во соседна Сирија 3.575, пренесува Танјуг.