Германија ќе им понуди на жртвите од земјотресот во Турција опција за брза виза

Од:

Граѓаните на Турција, погодени од земјотресот, ќе добијат можност привремено да ги посетат роднините во Германија, чии службеници се подготвуваат да го забрзаат издавањето визи и да ја намалат потребната бирократија. Берлин сака да помогне бидејќи вчера бројот на загинати во Турција и Сирија надмина 25.000, само неколку дена откако силните земјотреси го погодија регионот.

Германските министерства за надворешни работи и за внатрешни работи најавија планови да им се дозволи на Турците кои имаат роднини во Германија да дојдат кај нив. Десетици илјади луѓе во Германија имаат турски корени, а Турците се најголемата имигрантска група во земјата, поради политиката на гастарбајтери усвоена од германската влада во 1950-тите.

„Како германска влада сакаме да им помогнеме на семејствата во Германија да можат привремено да ги примат роднините погодени од земјотресот, доколку веќе немаат покрив над главата или имаат потреба од лекување“, рече министерката за надворешни работи Аналена Баербок.

Двете министерства формираа работна група која ќе почне со работа викендов.

„Целта е да се намали бирократијата во визниот процес за овие случаи“, објасни Баербок.

Таа, исто така, рече дека нејзиното министерство го зголемило бројот на персоналот во своите мисии во странство и го прераспоредил капацитетот во центрите за обработка на визи во Турција.

„Се работи за итна помош. Сакаме да им овозможиме на турските или сириските семејства во Германија да донесат блиски роднини од регионот погоден од катастрофа без бирократија“, објави министерката за внатрешни работи Ненси Фезер на Твитер.

Би можело да ве интересира

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Малата Афра родена под урнатините во Сирија денеска живее без своите родители кај роднини

Горан Наумовски

Турција: Бебето што 128 часа беше под урнатините, по 54 дена повторно е со својата мајка

Горан Наумовски

Чудо во Турција, спасена е мачка од под рушевините дури 49 дена по земјотресот: Не можеле да им веруваат на очите кога почнале да ги отстрануваат урнатините

Горан Наумовски