Турските и романските спасувачки тимови извлекоа 35-годишен маж од урнатините во турската провинција Хатај, 149 часа по разорниот земјотрес што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија. Мажот е идентификуван како Мустафа Саригул (35).
149. saatte Hatay'dan yeni bir mucize haberi geldi.
35 yaşında bir erkek 7. günde enkazdan kurtarıldı. pic.twitter.com/WTrHpeFxUd— TRT Haber Canlı (@trthabercanli) February 12, 2023
Од урнатините е спасено и девојче, кое 146 часа било под урнатините, јавува Анадолија.
Турскиот потпретседател Фуат Октај изјави дека, според последните информации, во таа земја загинале 24.617 лица.