Авион со хуманитарна помош од Италија, кој е наменет за делови од Сирија кои се под контрола на владата, слета денеска во Бејрут, соопшти италијанскиот вршител на должноста во Дамаск, Масимилијано Д’Антуоно.
Ова е прва помош испратена до сириските власти од ЕУ по силниот земјотрес во понеделникот, во кој загинаа повеќе од 25.000 луѓе во Сирија и Турција.
-Пратката, тешка 30 тони, вклучува четири амбулантни возила и 13 палети медицинска опрема, изјави Д’Антуоно за Ројтерс.
Тим од четворица лекари е исто така на пат за Сирија, додаде тој.