Тетовската екипа на Дирекцијата за заштита и спасување помага во турскиот град Адијаман

Од:

Дванаесет члена екипа на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) од Тетово работи во Адијаман во југоисточниот дел од Турција погоден од земјотресот на 6 февруари. Пет дена по земјотресот сè уште се извлекуваат преживеани, но и голем број луѓе кои го загубиле животот.

-Немаме добиено од властите официјални бројки, не знаеме, но има многу затрупани. Земјотресот се случил рано изутрина, како една од причините да има многу жртви. Сместени сме во камп со шатори. Вчера стигна и механизација работевме на неколку локации. Цело време сме во координација со локални власти. Турците не прифаќаат насекаде со голема почит, и ние се обидуваме да се трудиме што е можно повеќе. Не ни знаеме кој ден е постојано одиме на локации. Има и тимови од други земји ама поради големата површина не сме работеле заедно со нив туку само со домаќините, информираше Александар Стојановски-Цули кој е дел од Дирекцијата за заштита и спасување.

ДЗС има неколку тимови во повеќе градови во две ротации, првата со 38 луѓе и втората со 30 припадници. На 10 февруари припадниците Дирекцијата за заштита и спасување во Адијаман извлекоа преживеана 38 годишна жена.

Би можело да ве интересира

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Малата Афра родена под урнатините во Сирија денеска живее без своите родители кај роднини

Горан Наумовски

Турција: Бебето што 128 часа беше под урнатините, по 54 дена повторно е со својата мајка

Горан Наумовски

Чудо во Турција, спасена е мачка од под рушевините дури 49 дена по земјотресот: Не можеле да им веруваат на очите кога почнале да ги отстрануваат урнатините

Горан Наумовски