Стефан Дуjарик, портпарол на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, вели дека „тешко е да се замисли посложена вонредна состојба“ од онаа во Сирија во моментов.
„Имате работа со ситуација која се случува речиси еднаш во животот. Земјотрес кој погоди земја која е во конфликт 12 години, каде што пред оваа криза веќе имаше долготрајна хуманитарна криза со повеќе од четири милиони луѓе на кои им требаше помош“, рече тој.
„Многу инфраструктура е или уништена или оштетена, вклучувајќи патишта или мостови. Згора на тоа, имате многу предизвикувачка безбедносна ситуација и имате области каде што треба да преговараме за пристап меѓу владата и бунтовниците. Сето ова среде зима“, изјави Дуjарик.