Бомба од Втората светска војна пронајдена во градот Грејт Јармут во Обединетото Кралство експлодираше денеска додека се работеше за нејзино деактивирање, предизвикувајќи огромна детонација која се слушаше со километри.
The unexploded bomb in #GreatYarmouth detonated earlier during work to disarm it. Our drone captured the moment. We can confirm that no one was injured. Public safety has been at the heart of our decision making all the way through this operation, which we know has been lengthy. pic.twitter.com/9SaeYmHkrb
— Norfolk Police (@NorfolkPolice) February 10, 2023
Експлозијата на бомбата предизвика густ облак од чад, а полицијата во Норфолк соопшти дека нема извештаи за повредени.
Воени експерти се обидуваа да ја деактивираат бомбата кога се случи непланираната детонација.
На социјалните мрежи очевидци објавија дека слушнале силен тресок и дека почувствувале како се тресат зградите одалечени дури 24 километри.
Пред експлозијата, полицијата постави кордони затворајќи ги патиштата кон овој дел од градот и инсистираше на евакуација на стотици луѓе кои живеат во „црвената зона“.