ОН ветија 25 милиони долари помош за луѓето во областите погодени од земјотресот во Сирија. Сумата е како додаток на донацијата од 25 милиони американски долари објавена претходно оваа недела за итни операции во Турција и Сирија.
Шефот за хуманитарна помош на ОН, Мартин Грифитс рече дека новата помош ќе помогне да се задоволат итните потреби на стотици илјади Сиријци. Тој додаде дека условите во земјата се најлоши од почетокот на конфликтот во 2011 година – со намалени ресурси, епидемии на колера и сурови зимски услови.
Агенцијата на ОН за бегалци објави дека речиси пет и пол милиони луѓе во Сирија би можеле да останат без покрив над главата по разорниот земјотрес што ја погоди земјата.