Кога спасувачите успеваат да најдат преживеани под урнатините по земјотрес, повеќето од нив бараат вода, храна или топло ќебе. Меѓутоа, реакцијата на еден постар човек не ги изненади само пожарникарите, туку и целиот свет.
Имено, кога Сонер Тугтекин бил извлечен од урнатините, првото нешто што го побарал е цигара.
„Чичко, само фрли ја таа цигара и легни на грб, ќе ти дадам кога ќе стигнеме во болница“, му вели еден од спасувачите.
Меѓутоа, во видеото се гледа дека Сонер не придава големо значење на тоа што му го кажува пожарникарот.
„Попрво би пушел, не сакам да одам во болница“, рече Сонер.
Сонер имаше цигара во устата цело време додека го носеа на носилка.
Во меѓувреме тој е пренесен на безбедно и за среќа не е тешко повреден.