ВИДЕО: Сопственик на комплекс што се урна во земјотресот уапсен при обид да избега од Турција

Од:

Сопственикот на Renaissance Residence, станбен комплекс уништен од земјотресот во провинцијата Хатај во југоисточна Турција, бил приведен на аеродромот во Истанбул во петокот додека се обидувал да ја напушти земјата.

Мехмет Јасар Чошкун бил запрен на аеродромот Сабиха Ѓокчен во обид да отпатува за Црна Гора, јави турската агенција Анадолија.

Апсењето е извршено по наредба на главниот јавен обвинител во областа Газиосманпаша во Истанбул.

Чоскун патувал за Црна Гора со помала сума пари, која била запленета од аеродромската полиција, се наведува во извештајот. Тој допрва треба официјално да биде обвинет.

12-катниот комплекс се состоеше од 250 апартмани, а се наоѓаше во областа Антакија во Хатај. Беше рекламиран како проект за луксузна резиденција што ги почитува градежните прописи.

Комплексот целосно беше уништен по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што во понеделникот наутро го погоди југоисточниот град Газиантеп, а набргу потоа и земјотрес со јачина од 7,5 степени во провинцијата Кахраманмарас.

Во четвртокот, турскиот министер за правда објави дека е покрената судска истрага за урнатите згради за време на земјотресот.

Истрагата ќе се обиде да ги повика на одговорност оние кои ги изградиле зградите или сноселе каква било одговорност за нивното уривање во 10-те најпогодени провинции.

Би можело да ве интересира

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Малата Афра родена под урнатините во Сирија денеска живее без своите родители кај роднини

Горан Наумовски

Турција: Бебето што 128 часа беше под урнатините, по 54 дена повторно е со својата мајка

Горан Наумовски

Чудо во Турција, спасена е мачка од под рушевините дури 49 дена по земјотресот: Не можеле да им веруваат на очите кога почнале да ги отстрануваат урнатините

Горан Наумовски