Бројот на жртвите на земјотресот го надмина оној во 2011 година кај Фукушима во Јапонија, во кој загинаа повеќе од 18.400 луѓе, како и земјотресот во 1999 година во близина на Истанбул, кој однесе околу 18.000 животи, пренесува АП.
Околу 12.000 згради во Турција или се урнаа или претрпеа сериозни оштетувања, изјави турскиот министер за животна средина и урбанизам Мурат Курум.