Девојката од сликата што го потресе светот е погребано. Новинарите на германски Билд го фотографираа неутешниот татко на гробот.
Тоа беше момент кој ја сумира неискажливата болка од земјотресот во Турција: татко ја држи за рака својата 15-годишна ќерка, единственото нешто што се гледа од нејзиното тело згмечено од бетон.
Месут Ханчер седеше сам на мразот на купот скршени тули што некогаш беа негов дом, несвесен за светот и обземен од тага. Неговата ќерка Ирмак била мртва. Но, тој одбил да ја пушти, галејќи ги нејзините прсти.
Немаше спасувачки екипи. Преживеаните избезумено се пробиваа низ урнатините со раце за да ги најдат своите најблиски. Рамките за кревети на искршените балкони, искинатата облека и играчките ја раскажуваат приказната за изгубените животи.
Но, искусниот фотограф на АФП, Адем Алтан, кој побрза на местото на настанот од Анкара, не можеше да го тргне погледот од неподвижниот татко кој немо тагуваше.
Тој ја насочи камерата кон Ханчер од далечина од 60 метри. Тоа беше чувствителен момент. Но наместо да го избрка, таткото го поканил фотографот кај себе. „Сними го моето дете“, му рече со низок растреперен глас.
Сликата го обиколи светот.