Турција одби помош од Кипар

Од:

Турција денеска одби помош од Кипар, кој не го признава како држава. Кипарското Министерство за надворешни работи соопшти дека Турција „учтиво ја одбила“ понудата за спасувачки тим да помогне во напорите за пребарување, и покрај тоа што првично прифатила помош. Кипарски тим од 15 спасувачи, лекари и болничари беше подготвен од средата.

Кипарското министерство објави дека понудата, иако е одбиена, сепак останува и изрази благодарност до „професионалните спасувачи кои се подготвени да спасат животи насекаде“.

Илјадници турски војници се стационирани на отцепениот север на кипарските Турци од 1974 година, кога Турција изврши инвазија. Кипар беше поделен со турската инвазија на островот на 20 јули 1974 година, пет дена по државниот удар на Кипар извршен од тогашната владејачка воена хунта во Грција, во кој на власт дојдоа поборниците за обединување на Кипар и Грција. Турција е единствената земја која ја признава Турската Република Северен Кипар.

Проблемот со статусот на оваа територија е камен на сопнување за ЕУ, Грција и Кипар од една и Турција од друга страна.

Би можело да ве интересира

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Малата Афра родена под урнатините во Сирија денеска живее без своите родители кај роднини

Горан Наумовски

Турција: Бебето што 128 часа беше под урнатините, по 54 дена повторно е со својата мајка

Горан Наумовски

Чудо во Турција, спасена е мачка од под рушевините дури 49 дена по земјотресот: Не можеле да им веруваат на очите кога почнале да ги отстрануваат урнатините

Горан Наумовски