Бебето кое беше спасено врзано за мртвата мајка со папочна врвца го посвои роднина

Од:

Девојчето од Сирија чија мајка починала откако се породила под урнатините по земјотресот е посвоено од нејзиниот братучед Салах ал Бадран. Името на девојката е Аја, што има неколку значења на арапски, вклучувајќи „чудо“ и „дар од Бога“.

Уништена е и куќата на роднината во градот Џендерис во северозападна Сирија. Тој и неговото 11-члено семејство успеале да побегнат, но сега живеат во шатор, пишува АП. „По земјотресот никој не може да живее во својата куќа или зграда. Само 10% од зградите овде се безбедни за живеење, а останатите се непогодни за живеење“, рече тој.

Спасувачите во Џендерис ја пронајдоа Аја во понеделникот попладне, повеќе од 10 часа по земјотресот, додека копале низ урнатините на петкатницата во која живееле нејзините родители. Закопано под бетон, бебето се уште било поврзано со папочна врвца со мајката Афраа Абу Хадија, која била мртва заедно со нејзиниот сопруг и четирите деца. Бебето итно беше пренесено во болница во блискиот град Африн.

Абу Хадија го родила девојчете, а потоа починала неколку часа пред да бидат откриени, изјави доктор Хани Мааруф во болницата Џихан во Африн. „Ја именувавме Аја, за да престанеме да ја нарекуваме „новороденче““, рече Мааруф. Нејзината состојба од ден на ден се подобрува и нема оштетувања на кичмата, како што првично се стравуваше, рече тој.

Би можело да ве интересира

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Малата Афра родена под урнатините во Сирија денеска живее без своите родители кај роднини

Горан Наумовски

Турција: Бебето што 128 часа беше под урнатините, по 54 дена повторно е со својата мајка

Горан Наумовски

Чудо во Турција, спасена е мачка од под рушевините дури 49 дена по земјотресот: Не можеле да им веруваат на очите кога почнале да ги отстрануваат урнатините

Горан Наумовски