Хил: Го поддржуваме „Отворен Балкан“, во регионот се уште постои недоверба

Од:

Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил, изјави дека земјите од балканскиот регион мора да имаат модели на соработка, истакнувајќи дека проектот „Отворен Балкан“ е многу позитивен.

„Ми се допаѓа што беше развиен овде на Балканот, не беше наметнат однадвор. Ние го поддржуваме како и другите проекти за регионална интеграција“, рече Хил за РТС, пренесе Бета.

На прашањето кои други предизвици остануваат со поцелосна економска интеграција, тој изјави дека „очигледно има политички предизвици – наследени проблеми и недоверба“.

„Би рекол дека овде има многу историско наследство, повеќе од потребно, мора да најдеме начин да го надминеме“, нагласи Хил.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Хил го осуди синоќешниот вандализам во Белград

Приштина не ги послуша САД, ќе има последици порача американскиот амбасадорот во Србија

Хил: Сега е најитно да се реши прашањето за Заедницата на српските општини

Предраг Петровиќ

Хил: Србија веќе плаќа превисока цена за невоведувањето санкции кон Русија

А1он

Дачиќ и Хил потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу српското МНР и американскиот Стејт департмент

А1он

Хил: Неопходно е да се изгради мир и стабилност на Косово

Горан Наумовски