Бели шлемови, група која организира доброволни операции за пребарување и спасување во делови од Сирија, денеска упати нов апел за помош.
Во пораката објавена на Твитер, тие рекоа дека доброволците „сè уште го слушаат лелекот и плачот на заробените под урнатините кои бараат помош“ два дена по земјотресот.
Тие додадоа дека допрва треба да се најдат илјадници жртви.
„Брзаме да направиме се што можеме пред да истече времето, но со секоја минута што минува, шансите да најдеме живи луѓе се намалуваат. Затоа очајно ни треба меѓународната заедница да дејствува брзо и да обезбеди поголема помош да стигне до северот на Сирија“, рекоа тие.